тој (зам.) - преку (предл.)

Сите ликови, сите оние брадести оклопници, сите ковачи, колари, стражари, трговци, што тој преку своите мисли ги населуваше во таа древна населба, сега му откажуваа послушност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Три илјади“, рече тој преку главата на Винстон, обраќајќи му се на човекот во бел мантил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Размислувам, размислувам“, вика тој преку прозорецот, „а ништо не ми текнува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
— Бак, бак, бак, шејтан — ѓелин1, — процеди тој преку двата предни заба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште рано премина и тој преку Црна на Чебренскиот Мост, каде што му излезе во пресрет поп Пејо со десетина вооружени момчиња од земската чета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој преку целиот ден само брза, трча, трча од дома на автобус, на воз, во метро за да стигне навреме на работа, а тоа исто го прави и кога се враќа дома од работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)