тој (зам.) - список (имн.)

Оттука не нѐ чуди фактот што евентуалната легализација на марихуаната ужива најширока поддршка, иако некои на тој список би го додале и хероинот. Австралискиот социолог Стивен Магфорд предлага марихуаната јасно да се издвои од кокаинот и хероинот така што би се пуштила во слободна продажба, додека сите други дроги би се продавале врз основа на лиценца.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Уште на тој список ме нема.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секоја од овие можности има донекаде различни предности и недостатоци. Најмалку радикален чекор кон ублажување на забраната би било класирањето на дрогите по категории при што би се легализирале најмалку опасните.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но среќа моја што сум педантен - во еден тефтер водам евиденција за секое писмо, факс или и-маил што сум ги пратил откако дојдов во Холивуд, така што треба само да ги прегледам сите 3.000 адреси од тој список и вистината сама ќе исплива на виделина.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А долу, откај касарните се јавуваат трубите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаеш, само ќе замижам и ги гледам тие пусти Козаци на нивните црни коњи. Слегуваат од Бело Брдо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Горе го чувам тој список, на катот. Во долапот. Во најгорнот дел. Под неговата Козачка капа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)