тој (зам.) - рај (имн.)

Требало да сториш само еден чекор кон тој рај па сиот смет да отпадне од тебе и така исчистена со крената глава да се најдеш помеѓу препорачаните, опкружена со меката свила на праведноста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Музиката стивнува. Се молиш за уште малку. Само уште еден гриз од тој Рај.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Девојкине што си го замислувале како многу податлив и лесен тој премин од злото кон доброто не можеле а да не си ги исмеваат една на друга желбите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)