тој (зам.) - почеток (имн.)

Ако се откажам од нас, ќе се откажам и од себе...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пустош во тој почеток и тој крај.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Загледана во измиениот филџан што го стави да се исцеди, таа само за миг сети како ја пронижа очаен страв дека нема да го дочека тој почеток на живеењето, дека ќе ја снема пред повторно некој да ја посака со потреба насушна како глад по леб, како жед по вода, како порив за слобода.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оваа задоцнета пролет ме потсети на тој почеток, фабулозна увертира, а сега веќе исконска слика која ги впива во себе сите моменти на среќа...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)