тој (зам.) - пијалак (имн.)

Тогаш прв пат имав прилика да вкусам од тој пијалак што дедо го нарекуваше со смешно име - газоза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Денко го крена грнчето, отпи две-три голтки, па го тргна од уста, држејќи го така минутка-две, треперејќи со очите, шмркајќи со носот, трудејќи се на сите начини да му ги одреди својствата на тој пијалак.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пишуваше дека во неа навраќал во свое време Балзак и дека, кога доаѓал овде, го пиел тој и тој пијалок а сега кафеаната постојано ја посетувал Жан Пол Сартр.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)