тој (зам.) - број (имн.)

Меѓу таа македонска интелигентна емиграција има мнозина или што имале или имаат високи должности, пак и коишто се претенденти и кандидати за нив, во тој број и за министерски портфељ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гемиџиите не сакале невини жртви и сториле сѐ што можеле тој број да го сведат на минимум.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Прво ќе го прегледаме прашањето: во каков однос ќе станат комитетите и македонската интелигенција кон едно ново национално течење сред Македонците, коешто бара не само политичко, ами и национално и религиозно ослободување на Македонија, т.е. кон едно течење што прокламира „Македонија за Македонците” против сите претенденти на Македонија, во тој број и против Бугарија и Бугарите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира, не сметајќи го во тој број спахијата носител на титула.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)