тој (зам.) - бакнеж (имн.)

Кога бакнежот заврши, како песна што завршува со постепено стишување наместо со крешендо, тој ја стави другата рака околу неа и ја привлече кон себе во прегратка, движење што ѝ беше единственото природно продолжување на тој бакнеж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овој пат бакнежот за неа беше како пупка која на усните ѝ расцвета во ружа – во ливчињата на тој бакнеж таа ја сети свежината на капките роса и богатството на кадифеноцрвената боја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)