тој (зам.) - некаков (зам.)

Господи, господи, господи, претчувствуваше околу себе во мракот шушкави банкноти и го мразеше тој Отец Симеон, тој некаков ортак што стоеше долу сигурен и спокоен во груста сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
18. КАКО КОСТЕН ВО ПУЗА ОД МАКА ЌЕ ПУКНЕ - но ако е тој некаков таков костен шуплив би ја пафнал маката со пепелта да штукне и на жар печејќи се ќе фати кори дупли... лисицата и в стапица пак кокошка гледа!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Садеше тој некакви краставици за управата со поинакво семе, но тоа беше тешко да се открие.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Затоа во тоа утро Отец Симеон им рече на браќата: „Над нас се збираат темни облаци.“ Тие погледнаа во белото небо и со неверување прашаа навистина ли спомена тој некакви облаци а Отец Симеон рече дека точно тоа споменал и дека коњот ќе му донесе несреќа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледа Висар кон езерото, размислува за бесмртната вода, размислува кога би имал тој некаква сила та да дојде до шишето со бесмртната вода и да му стави крај на сево ова што го мачи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)