тој (зам.) - неа (зам.)

Ами ако е за калци да ти донеса, токо — големи се плетени сите мој калци, та не ќе може да и носе, — со радост изјави Нешка готовност и таа да го израдува Крлета како тој неа со китките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа гледај го него, тој неа. дури не станаа обајцата и сами без да знаат зошто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некои идат и до ушите на Илка, ама тој беше ѓениш; ја знаеше Доста оти му е на место, ја сакаше тој неа и таа него и немаше што да се тревожи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа ќе го гледа Илка, ама тој неа не може ниту пак знае оти е тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра не можеше да се помири со оваа положба и му се плачеше сега пак на Илка, гледајќи да го раздразни и него како Доста што го дразни Стоја, та да го предизвика и тој неа да ја натепа, но не можеше да успее, бидејќи Доста му даде да разбере со два збора: — Јас ти реку тебе кога ме бараше за жена, оти не су кобила да се продавам за пари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не, не копнее таа за никого меѓу овие што се полегнати на сите страни по ситиот ручек, само тој и таа одат во овој час и нешто бараат, тој неа, а таа некаков нејасен лик што ја тревожи нејзината млада душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Овде им било и ним местото”, - помислува Соколе и ја погледнува како пропаднат в земи, стопати колнејќи се во себе зошто се нашол овде и молејќи ја, не знае зошто, тој неа да му се смилува, како да кренал секира над неговата глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но да претпоставиме дури и дека овој арбитрарен договор е постигнат; да претпоставиме дека, како што навистина е случај со повеќето научени вештини, меморизираната манипулација со симболи станала толку автоматизирана со вежбање што Серл може да ја изведе на ист начин како што при возење кола симултано води разговор на англиски, несвесен за своето возење: Би имало ли некаква разлика во тоа дали тој ја имплементира или не ја имплементира програмата за која ти би одрекол дека била имплементирана кога тој неа ја изведувал свесно?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Што има тој неа да ја испраќа!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чудно ми чудо и да е кал, а пак тоа била боја, вапцувала девојката предено за чорапи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Кога не можам. Ја нејќе тој неа и — свршено.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но, потоа се сетив: ни Ивана не го познава Игбал, ниту пак тој неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никогаш не сум им зборувала еден за друг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прашање е, ако тој неа ја ебе заради тоа што таа ме цитира мене....дали да се чувствувам ебано?.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога ќе немаше никој во паркот, тие седеа на клупата, таа го вадеше огледалцето, се огледуваше и му даваше и нему да се огледува, се чешлаше со чешлето, а понекогаш се чешлаа заемно: таа го чешлаше него, тој неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Работи, ама како некој да му ги држи рацете. Ќе земе да делка, а секирата му стои чипаво. И наместо тој неа, таа него го занесува. Го шета наваму-натаму, ко опијанет да е човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)