тој (зам.) - реши (гл.)

Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа тој реши сега на подобар начин да дејствува: во Софија и Стара Загора разбра од детишта како него оти си пишувале „љубовни писма".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој реши да одмаздува за сето тоа ропство и си постави задача да тепа бегови, да пљачка нивни имоти и ете го: најде соработници во Мачникот и Митра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле, по многу премислувања, тој реши да ја побара помошта на Гога.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој реши 4 месеци да ги чека резултатите од воведувањето на реформите и после со „чиста совест” го објави востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој реши да ја испрати до станицата на подземната железница, но одеднаш тоа одење по неа на студот му се стори бесцелно и неподносливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа тој реши да ѝ напише писмо на нејзината внука, длабоко убеден дека напишаното првин ќе го прочита тетка Асја, и дека заради нејзината добрина и почитта што таа ја имаше кон него, работите ќе се променат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но тој решил да премине преку тоа зашто така најдобро неговото учество во движењето е покриено пред власта.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги премолчив моите јадови. Игбал го премолчи прашањето што очигледно сакаше да ми го постави и се упативме таму каде што тој реши да ме одведе:
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, тој решил. Па, и нека се разведат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За ова со Бошка тој реши да ја сврши работата, ама кај него да не оди – па макар пукнал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)