тој (зам.) - работи (гл.)

Тој работеше полека и сосила.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како може комитетот да докаже оти тој работи во таква смисла?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Париз тој работи десетина години во една гаража, односно во сервисот на „Симка“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Молчелив, тој работеше со невидено трпение.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Слушај, малиот е многу фино момче, јас го вежбам трипати неделно, жена му очекува дете, а тој работи за фирмата на татко му.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Од тие букви што ги правеше Даскалот на црните камени плочи имаше направено едно чудо, ама овие денови тој работеше повеќе на две плочи, за некои велеше ќе ни требаат за Водици.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А по нивното завршување од 1922 до 1925 година тој работел како уредник на весникот House Organ во Чикаго.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој работеше со брат си на ѕидната кострукција на кулата, а денот беше светол колку што може да биде во природа што се граничи со протегнатите индустриски метрополи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, задкулисните игри не изостануваат никаде, па ни во овој случај – што е и сосем очекувано и не треба многу да нѐ изненади.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наметнато од повисоки структури од претпријатието „Центро“, главната идеја беше, што побрзо, да се „елиминираат“ вработените од фирмата, по доброволен пат – во- ведувајќи ја франшизата, кадешто новооснованите фирми ќе ги преземаат дотогашните вработени во „Центро“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Што се однесува, пак, до работните услови во фабриката – тие беа „релативно добри“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според систематизацијата на работните 174 места, тој работеше на работното место магационер.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Токму ова му се случи на Јаневски. Имено, тој работеше во новото претпријатие извесно време – до октомври 1994, но, од ден на ден сѐ повеќе и повеќе, лукративните капацитети на фирмата опаѓаа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се определи дека како отсуство не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор кај правото на работникот на бонус во висина од една просечна плата во Републиката, ако тој работел над 150 часа подолго од работното време, а притоа не отсуствувал повеќе од 21 ден (чл. 22 од ЗИДЗРО/фев.13); 28 Оваа дефиниција ја замени претходната, противуставна формулација која гласеше – „Работно време е секој период во кој работникот работи и е на располагањена работодавачот за извршување на работите и работните задачи согласно со закон“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа беше адресата на фабриката во која тој работеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Поранешните свои школски другари слабо ги сретнував: Димка само понекогаш, Антета скоро никогаш; тој работеше во некое кино од утро до мрак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А ја најде во еден хотел во Александрија во кој тој работеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)