тој (зам.) - продолжи (гл.)

Без збор ги поведе кон колибите и тука Петре му рече на Толета да влезе во првата колиба со „овчарот", а самиот тој продолжи до втората, што беше само на десетина метра оддалечена од првата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Co прилепскиот војвода се другариве, — а кон Толета и Трајка: — Овие другари се со други војводи дојдени, вардете, бидете азар за секој случај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не се убива апетитот. Тоа... Тој продолжи да чекори...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Без да го крева погледот од малите пеплосани куќи, што тонеа неми под него, обвиени и притиснати од облаци прав, тој продолжи: - Одамна не е подновено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Лулајќи се тој продолжи. Но само што стигна до погорните скали, заофка и пак запре.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сепак, идејата за некој друг свет не го напушта и тој продолжува да трага по него.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поаѓајќи од овие извори на инспирација, а преку слободните асонанции и од фантастичните и случајни комбинации во кои длабоката смисла е поврзана со бесмислицата, тој продолжува и понатаму до една подоцнежна и аристократска “мистификација”: токму “мистификација” на уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, тој продолжи без да чека на моја реакција, верувајќи дека сигурно ќе ја предиз­вика: - Кога конечно нашиот Водач насети дека остануваме повторно сами, изолирани во историјата, без пријатели, а опкружени само со непријатели, тој во народот го разбуди вечниот одбранбен инстинкт...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А тој продолжи: „Освен тоа, ти виде, нели? Виде дека тој знаеше како треба да се намести клучот во клучалницата за да се заклучи одајата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Широкиот и рамен автопат ги преполовуваше гратчињата и рамниот терен. Тој продолжи да вози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи: - Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели: “Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе зборуваат на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
При онаа ненадејна средба на мостот. Лев, исто така ненадејно, се сврти кон неа и прескокнувајќи ги сите оние, со години пропуштени реченици, „како, каде си, што правиш“, веднаш ја запраша: „Се сеќаваш на киротериумот?“, а кога таа, заварена и радосна, само немо климна со главата, тој продолжи: „Има нешто што нè обзема во отсутноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Знаеше дека не смее да се враќа назад кон селата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но ракијата без мезе грееше бргу, па тој продолжи уште позапалено: „Зошто во очите на Западот Македонецот што мавта со знамето со сонцето од Вергина е националист, а неговиот сограѓанин-Албанец не е националист кога мавта со знамето со двоглавиот орел?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Без да се сврти накај местото каде што во снегот ги остави ранецот и пушката, тој продолжи така голорак да чекори по патеката што и дотогаш ја следеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога потоа го испратија во Ерусалим кај Гамалиел, седнат крај неговите нозе, тој продолжи на истиот начин, упорно, вредно, дури и заслепено, да слуша, да чита и речиси фанатично да ги впива сите негови поуки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го гледав со ококорени очи смешно фатен за држачот, не, не можев да поверувам на сопствените уши, но тој продолжи да зборува и ми рече дека човекот го направил од сé подолу, “мифка” како што рече, и тоа баш пред колегите што се насобрале околу него и слушале како невидени и уште многу потоа зборуваше, пени на уста му излегоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потоа тој продолжи, се разбира вака пикнат во мене, да ми зборува а основно во сето тоа беше дека на работа му дошол “мојот” сосед од катот под мене и му се жалел на неподносливата врева што секоја вечер се слушала од “кај мене”, дека тоа немало смисла, дека сакал пензионерските денови да ги мине на мир со жена си, дека било мошне некултурно и непристојно од еден толку културен и пристоен човек каков што е другар ми така да се однесува и слично.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ на сѐ, може ли воопшто од некои од овие взаемно противречни поговорки да се исцеди некаква смисла, без оглед дали би била тривијална или не; Или пак се потполно неупотребливи, барем што се однесува на некакво согледување за тоа како мојата сопруга или јас би можеле да се чувствуваме во текот на тој продолжен период на разделеност; За да го пронајде одговорот на овие прашања британскиот психолог Карл Тајген во 1986 година приготви еден ингениозен експеримент.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не мислеше сега веќе на ништо друго, тој малечок бегалец од дивината, за него постоеше само вкусот на дланката на човекот, тој продолжи само да лиже и да фрцка со своето кусо опавче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
НИ НА НЕБО НИ НА ЗЕМЈА
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се оддалечував и овие зборови со мисла му ги упатив на заспаниот човек. Тој продолжи да спие.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој продолжи: - Нашиот Арафат беше надарен со чудесната преговарачка моќ на Саладин и мудроста на толерантноста на еден Омар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој дух тој продолжи: - Фашизмот и сталинизмот беа двете најтрагични искушенија низ кои минаа Европа и светот во XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој продолжи да чекори без да запре. Чудното беше што во тоа време, во сонот, зборовите не му оставија голем впечаток.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој продолжи да чита: Целите на овие три категории луѓе се сосем непомирливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш тој продолжи: - Откако стигна твоето писмо, почесто зборувавме со Карл за тебе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но тој продолжи да шета по дождот чувствувајќи како од неговото киснење му станува подобро, полесно, Дождот туриваше, а тој продолжуваше да шета.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И тој продолжи: - Во природата се распаѓа само она што е составено од нешто: од делови, од честици, што е соединение.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И без да биде прашан тој продолжи: - И што да ви кажувам натаму?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Охрабрен од јасната поддршка на секретарот, тој продолжи: - Почитуван секретар, ако ние денес не го најдеме излезниот пат на јагулите, разгледувајќи го Проектот за изведба на насипите и хидроцентралите на нашата река, ние засекогаш ќе го запреме патот создаден уште во мугрите на животот на нашата планета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потем, тој продолжи: - Ах, тие јагули, тие свети и клети јагули, како сирените на северните мориња, влегуваа во реките, езерата, на нашата руска земја, нè поврзуваа со светот, означуваа безброј излезни патишта, кога човекот се гушеше во сопствената судбина...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сепак тој продолжи да го слуша со исто внимание секретарот Јаворов, што никому не му паѓаше на ум да го прекинува.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, сѐ уште не беше начисто каде целеше Игор Лозински, дури и кога тој продолжи: - Јагулата, пријателе мој, е вистинскиот симбол на жртвувањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Всушност тој продолжи да зборува за тоа дека го вознемирува проблемот на ослободувањето? - Ослободувањето? - прашав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Групата што го слушаше Т се преполови, но тој продолжи да ги покажува личните знаменитости со несмалена возбуда.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И тој продолжи: Јас и мајка ти се сакавме со поглед.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние му кажавме на Лазо, а тој продолжи: Ќе ми го поздравите многу, но не му го кажувајте моето име, само ќе му кажете од каде се знаеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дубровчанецот го убедуваше дека такво нешто нема да се случи, но тој продолжи да бара знаци во сѐ, и во хороскопот, и во превртениот филџан кафе што мајка му сега редовно го вареше, и во предметите што му се испречуваа на патот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој продолжи: „Се прашувам: Дали хаосот не е конечна креација на Творецот? Незаменлив.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)