тој (зам.) - престане (гл.)

Зоки беше зачуден. Од кога тој престана да биде за Лидија Зоки Поки?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во моментот кога Хитлер ја прифаќа понудената мисија тој престанува да биде уметник и станува сопствен антипод.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Едно време тој престана и да излегува со нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ловот никогаш не се ветува, тој ниеднаш не треба да биде измислен, однапред, тогаш тој престанува да биде лов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа сакаа да ја чујат кљакашката на Шишмана што ќе значеше дека тој престанал да мисли на тоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Штом писателот започнува со пишување филмски текст - тој престанува да биде сезнаен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
До колку хетеросексуалната желба се доближува до општествената дефиниција и до идеалот на нормалноста, до толку тој престанува да ѝ се наметнува на свеста на хетеросексуалците како мистерија што треба да се разјасни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но бидејќи тој престана да се заблагодарува, тие се завртија кон напуштената Ѓулсиме, која всушност требаше и повеќе да биде сожалувана од него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)