тој (зам.) - заклучи (гл.)

Подоцна тој заклучи дека знаците за кои тој уште не беше свесен спотнаа некоја соодветна сила во него која толку многу се раздвижи што тој мораше да стане свесен за нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Или бушавиот само се обиде да ми навести дека помеѓу нас - чуваните и чуварите - не постои разлика па на чуден начин ми ја понуди својата поткрепа?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дјун е англиски физичар, и набљудувајќи ги своите сонови, тој заклучил дека тие не се однесуваат само на минатите туку и на идните настани.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој заклучил дека Барбашин се мотка под нашите прозорци, и, значи, тоа е така. 178 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од непопустливиот став на Алзашаните тој заклучил дека никој не може да биде затворен во принудните меѓи на својата припадност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дружејќи секој ден со обвинетите можеби тој заклучил дека зборувањето со себеси е обид да се надвладее стравот и да се поврати загубената самодоверба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)