тоа (зам.) - сепак (чест.)

Веруваме дека тој тлее во мнозина глави. Тоа сепак не е доволно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од тоа сепак ќе имаат корист, така, нема да им ги закачи тешките вериги.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се дознало од надвор, и тоа дури и од добронамерни братски ултралеви партии дека Атеистичкиот музеј, таков каков што бил, ѝ нанесувал штета на земјата. Но тоа сепак биле гласини...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше тоа сепак еден вид полициски час кој не го гарантираше дипломатскиот имунитет, било тоа да се случуваше и во условите на медицинскиот државен удар!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)