тоа (зам.) - сосема (прил.)

Но сепак малку подоцна Филип Д. (во тоа сосема е сигурен) наеднаш се виде себеси поставен на огромната височина на денот , таму од каде што преку планините можеш да ја видиш ноќта во нејзиното мрачно легло; или, (што исто така беше можно) се виде качен на високата планина на ноќта па оттаму, преку ридовите, го гледаше денот како забрзано ја освојува планината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И ова ми го соопштуваш на ист начин како на пример она твое влегување во НАМА за да пробаш здолниште, приговарав, и тоа сосема оправдано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа сосема го скрши. На ѕидот Језекил не можеше да стави повеќе ни една тула.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
1. Ми се случува по кој знае којпат (ова е повеќе симулација одошто вистинско изненадување, затоа што јас самата не би можела да гледам на тоа сосема однадвор)…
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Прегратката на маж во која без да сакаш ќе налеташ е нешто сосема друго се трудеше да ми објасни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)