тоа (зам.) - речиси (прил.)

И да ! беше тоа речиси исто како во неговиот сон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа речиси бесконечно „играње“ на состојбите на зборот фатени во лет одразува една од можните коинциденции што во поезијата на Ренџов се повторува од неодреченото, неодстореното, неодотвореното суштинско прашање за тоа: кои се конечните можности на „зборот“ како енигма во обликување на мислата кое и самото треба да му го овозможи величењето на зборот како суштина на мислата.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Лежеа секој со свои мисли и свои чувства, со полни гради под кристално чистото небо, милувани од тоа речиси несетно ветре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Третиот вторник Атиџе пак не се појави во Чифте-амамот, и тоа речиси го спобудале. Навистина ли беше болна? Од што?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Бидејќи едновремено го губиме сопственото јас и ја прифаќаме лажгата дека имаме автономно его, од нас се очекува во себе да ги почитуваме надворешните ограничувања, и тоа речиси до неверојатни размери.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Некого да чека, и тоа речиси половина ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)