тоа (зам.) - порано (прил.)

— Ако не беше он, којзнае сами дали ќе а склепа'ме ама ка го виде него вака закастрен, и го заврте мозокот и ајде ошче утре и тоа порано, „да станеме побрго дома".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега Хера не одеше повеќе на лекар да ја лечи главоболката, како што тоа порано го правеше, пиејќи разни лекови кои во почетокот ѝ ја смируваа болката, а подоцна не. Ѝ правеа разни проверки на крвта, урината, шеќерот, ѝ ги испитуваа бубрезите, срцето, притисокот; ѝ советуваа да не се преморува во работата, повеќе да се одмара, да избегнува потиштеност и затворање во себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)