тоа (зам.) - повторно (прил.)

Тоа повторно раѓање за кое говори Хундертвасер е можно во неговиот систем на размислување, затоа што, по негово мислење, од изметот се раѓа живот, како што, обратно, „стерилната чистотија е смрт“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Всушност, му реков дека ќе му го одземам чаталот ако го стори тоа повторно“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За среќа, каква среќа, таа не ја доживеа смртта на сина си! Но тоа повторно беа пусти соништа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)