тоа (зам.) - зошто (прил.)

Тие нејзини завиени приказни за страшната зима што може да дојде апансас ѝ беа оправдување за тоа зошто таа толку работи и зошто и од другите бара толку многу да се работи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сфатив и тоа зошто Марина беше таква во сите овие денови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не дека порано беше којзнае колку широко наоколу, но таа залегна таму, а сега самиот ѕид и тоа зошто беше граден, не ја веселеше и ја теснеше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)