тоа (зам.) - заедно (прил.)

Поправо сето тоа заедно е едно пеење- повикување на нивните колективни доживувања, како единствена судбина.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)