тоа (зам.) - веднаш (прил.)

Но не сум сигурен оваа моја помисла на што ќе заличи ако ја изречам. Затоа продолжувам да молчам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се свртувам да видам како изгледа тумбата. Се чини чудно но навистина ми се виде населена и веројатно поради тоа веднаш се разликуваше од другите височинки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас нешто ќе ви речам - ако сме умни и претпазливи, сите ќе стасаме до своите куќи, до своите жени и деца, здрави и живи. Ќе се обесам ако не биде така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да, господине, секако, ќе го сторам тоа веднаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со гусочкиот клун како да ја спобркал сенката на смртта што кришум, без тие тоа веднаш да го сфатат, ги поклопувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Петре не го запикаса тоа веднаш, таа нејзина нарав и склоност да прави пакост на послаби од себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)