тоа (зам.) - божем (прил.)

Имам непријатно чувство, едно, што не му излегов во пресрет на претседателот зашто тоа божем била една важна општествена работа, не знам каква но важна и, друго, што не знам дали Сатирот ми го стори тоа или ќе ми го стореше.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А по некое време, дека наслушнале понешто, нешто втасало и до нив, но колку е вистинито тоа божем и самите не се сигурни!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа повторно молк со години, и наеднаш нова вест: слушнале од некого оти божем ја видел од далеку во некој голем град, но дали била токму неговата исчезната жена или некоја слична на неа мустра, сведокот за жал не можел да потврди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)