тоа (зам.) - ист (прид.)

Или постојат како непостоечки аморфни маси на локално „надркано” дејствување во кружокот на импотентни крвопијци со привремен наслов „некои”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сѐ е тоа иста магија. Ист круг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зар можеше да е тоа истата онаа девојка која уште пред некој ден ме дочекуваше во ходникот за да ме обавести дека во вечерната програма на телевизијата ќе се прикажат прекрасни филмови, но дека најдобрите играат сепак во киното Центар.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знаев дека е тоа истото собитие што ти го слушна од мене, вчера, иако си го запишал со букви за мене ини.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира, не можев да знам дали е тоа истата ќеса и истите хартии од онаа средба пред подолго време или пак ми го враќа она издание голем формат со документи и патописи, покрај другото и оној извештај на Византиецот Теодор Метохит од тринаесеттиот век за пратеништвото на српскиот двор, што бев му го дал за читање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
3. Силна желба да појде од Блатието во Скопје, го тераше синот на Тајко и да го стори тоа истото претпладне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И доколку само со едно и единствено вдишување Буда или Александар Македонски, Исус или апостол Павле, Цезар и Антонио внесувале во себеси над дваесет милијарди атоми - тоа истите тие, и невидливи и вечни - денес ги вдишуваме и ние.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)