тоа (зам.) - според (предл.)

А второ, да знаеш, за секој разговор се плаќа и тоа според импулси“, ја подучи Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Барем да беа трње што убаво ќе ги сеќаваат чекорите на иследникот кој се труди да ме следи!) Но еве, од некаде почна да надоаѓа светлина и да го разголува сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Опишуваното звучи најприродно ако извира од споменот, а вам нема да ви биде тешко да го сфатите суштинското, и покрај изменетиот редослед“. (Се разбира, ги сфаќам противречностите што ги трупам при објаснувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Направете го тоа според сопствената совест и бидете сигурни - сеедно ќе згрешите! La Voce, на италијанските гласачи
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)