тоа (зам.) - татко (имн.)

Ќе ми биде многу драго да одам на кино со тебе. Но, тоа татко ми нема да ми го дозволи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се сетив дека мисли на тоа татко ми и учителката Вера да се земат, да стапат во брак.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше тивко. Се плашев од тоа татко ми што можеше да го каже.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дали ќе беше тоа татко ѝ на Калија, самарџијата Димо, дали попот Ставре, дали пак еден стуткан туѓинец, Унгарецот Миклош, кој по несреќа попадна во Скопје и кој, сличен во судбината со Бошко, Калија ја сметаше за единственото невино суштество во оваа превара со војни, освојувања и робење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А покрај тоа, на сите нам не можат татковците да ни бидат ни полјаци ни пандури во општината, како што е тоа татко му на Бузо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)