тоа (зам.) - писмо (имн.)

Писмото беше напишано дури по вториот случај.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од сета таа афера едно е само точно: авторката на тоа писмо, батка, ја имав легнато многу одамна, уште пред Војната, но во врска со тоа нејзино прво легнување не се појави никакво писание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од тоа писмо ката утро трошка земам Неколку думи, неколку збора За мене да прозборат, кога ќе изгорам.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
А друго, мори ќерко, шо друго има во то писмо?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го вртев во рацете и се чудев, зашто такво писмо, без печат, со букви што светеа со чуден сјај и од кое се тегнеше конец пареа и исчезнуваше во воздухот, од кое павкаше миризба, тоа писмо како да беше дојдено од некој друг свет, од некој друг живот. Зад живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И најпрвин го сочини потписот, и веднаш го растолмачи, го разбра, и рече дека сочинител на тоа писмо е некојси цар персиски, Дариј што се викал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)