тоа (зам.) - нешто (имн.)

Со очајнички напор, како да кубе дел од сопствениот мозок, можеше дури и да го извлече тоа нешто на виделина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Занемев додека слушав. Не дека беше тоа нешто неочекувано од Стомачето, но иако толку добро го знаев секогаш успеваше дополнително да ме изненади со своите каприциозни постапки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој лик, тоа нешто што во делот од секундата ми се појави на белиот ѕид, тоа не беше цртеж на хартија, тоа беше сенка во воздухот, тродимензионална слика од магла и чад.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дури ми ја пееја „Кој да ти каже, Ивана“, како сите да криеја нешто, а тоа нешто што не сакаа да ми го кажат лебдеше во воздухот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Еден петел, но не кој било петел, туку голема, горда, убава и раскошна птица, која управуваше со кокошарникот, и за тоа нешто беше свесен, за Милан беше симбол на машкоста и власта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потем: светлина звучна со сите бои во неа; светлина што кога влегува во секое нешто, неговиот зрак му го вдахнува и го обојува со бојата подобна за тоа нешто, светлина непроменлива, од прапочетокот, а променлива во стварите кога ќе влезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа нешто што стоеше како ѕид помеѓу нас набргу се покажа. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако е така, тоа нешто не вредело доволно за да биде мој предизвик. Ниту било соодветна одскочна даска.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа ви велам: смислата, вистината на сѐ е во нешто што не е ниту живеење ниту смрт. Тоа нешто е оргазмот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)