тоа (зам.) - лето (имн.)

Тоа лето, со другите добици, загина и коњот — биникот на Ќемалбег.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа лето го донесе почетокот на војната, Германците удрија на Полска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Рече: не, единствено што сакаше да види е Девојките од челзи, бидејќи сакаше да знае зошто нејзината ќерка се фрлила под воз. Не знаев што да кажам).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако некој сака да дознае како живеевме тоа лето 1966 во Њујорк, сѐ што можам да му кажам е да го погледне Девојките од челзи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Наместо да отидам јас ја пратив Лима. Нејзините импресии од излегувањето ги слушнав утредента, кога јас и таа се најдовме на плажата „Немо“, која токму тоа лето беше хит.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа лето не беше обично лето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа лето и покрај мрморењето на Никодина, Рада благодарение на поддршката од мајка си имаше поголема слобода на движење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа лето нѐ одведоа на летување на море; бев малокрвен со проѕирни уши, без апетит. Нѐ острижаа до глава: прилегавме на големи лилјаци.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа лето ме напуштија зборовите. Исчезнаа или излетаа од мене како пеперуги, како пчели што се изроиле и се издвоиле.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа лето во Света Софија Охридска утринум влезе некоја млада црнкиња.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Го бараа по градот целото тоа лето, ниеднаш не му влегоа по трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И знаеја сега сите дека црвениот лав на сонцето ќе биде мртов до крајот на тоа лето, и на јаве, и во сонот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа лето не само што сфати дека таа и тој не се брат и сестра, туку сфати и зошто Дончо на Чана го викаше Големиот Бато.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Другар му не разбира: старицата го бараше својот внук Борис митралезецот, оној што загина во тоа лето долу на пругата, а не него, зашто тој и немаше баба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Какво лето! Треба да се запише тоа лето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
За градот што тоа лето предвреме ја ожнеа пченицата по полињата под Плачковица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)