тоа (зам.) - сѐ (зам.)

Тоа време, признавам, сосема малку зборови знаев, и тоа сѐ некои лоши зборчина што никако не можам да ви ги соопштам, бидејќи сега им го знам нивното подлабоко значење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наоколу само ликови, сенки, зборови... итаат секаде а јас само таму некаде... каде се спојуваат бесконечноста и мигот... каде сенките се сенки и во ноќта... во одаите на скриените спомени во ходниците на копнежите... таму и она ништо е сѐ... а тоа сѐ е она што ти дава сила... за денот, за ноќта, сонот, за некаде каде никогаш не ќе појдеш, каде еднаш некаде... Едноставно, а незаборавно...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„Добро, Мид“, се чу од звучникот. „Дали е тоа сѐ?“ пристојно запраша. „Да“, рече гласот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)