тоа (зам.) - никој (зам.)

Дали истата си била уште од првиот ден или настанала подоцна од силната сијалица која го осветлуваше - тоа никој не знаеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но после тоа никој не боравеше во неа, Можете да си го оставите куферот во вашата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дали затоа што сакаше баш така, да ги види пеплосани, и рисјани и Турци на едно место, знаејќи дека никому не му прави по волја, иако тоа никој не ќе го каже?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа никој не може да го предизвика или да го забрза. Мораме да почекаме децата да пораснат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Прави сјајна кариера на дипломат од највисок ранг и доверба на својата земја и во мене предизвикува извесно задоволство и гордост дека сум го познавал.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа никој не го забележува, но таму се толку близу човечката немоќ и човечката семоќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа никој не го сети. Не го сети, ниту, пак, се најде некој на самото место што би сакал да се сети.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Полесно ни беше, а во тоа никој не ни пречеше, да ги растураме гнездата на штетните птици: страчките, враните и чавките.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но тоа никој од посматрачите не би го воочил.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тие те трујат, му велам и од тоа никој не ни влегува в куќа. Тие направија така, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)