тоа (зам.) - некаков (зам.)

Тој декор и нивните бели облеки не можат да сокријат дека е тоа некаков стар манастир чии фрески се покриени со тешки темнозелени драперии.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше тоа некаква анамка, што ли? Не умееше да ѝ објасни на мајка си. Не, никогаш не ја беше видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така и со Соколета тој си го држеше овој начин, што сега несомнено олеснува да му пристапи: тој нема на сето да погледа така сериозно како што би сторил некој друг, изненадувајќи се можеби непријатно од необичната исповест, а и Соколе, барем во првиот момент, ќе може да ја претстави работата малку како на шега, како да е тоа некаква негова мимолетна бубица, а не длабока тревога.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаше пред тоа некакви предупредувања одоколу, особено од родителите на учениците, учителот да се ослободи од козата, но тој и натаму си ја чуваше својата Мила.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)