тоа (зам.) - каков (зам.)

Често, тие не можат да го одложат моментот на донесување на одлука за тоа каква акција е потребна во дадена ситуација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Горно маало на Долно маало жените им ги дупело, Долно маало на Горно маало ќерките им ги пупело!!? А слобода е, и тоа каква слобода!?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој зборуваше за тоа каква би била таа куќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ништо не чувствувам, само мислам на бабата и на тоа какви гаќи носам, ако нѐ однесат на доктор. Да не се посрамотам, не за друго.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имам големи замисли за тоа каква сакам да бидам, само што тие баш и немаат некаква позадина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Една вечер Змејко помисли на тоа каква може да му биде вечерата на тој извишен како ластар младич, кога таа се состои само од една чорба и кога може да чини само една круна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако пишувам за тоа каков ми беше животот во домот ќе напишам не една тетратка, ами не знам ни јас колку...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ние деца од села, и тоа какви села... облечени со волнени алишта и со опинчиња, полни со вошки...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)