тоа (зам.) - личи (гл.)

Но тоа личеше на сѐ друго, освен на адвокатска канцеларија.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Можеби ако одело по обратен ред и не ќе требало да ги жртвуваш добивките, кои се живи суштества, инаку сето тоа личи на огромна себичност и неодговорност .
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)