тие (зам.) - мал (прид.)

Ние двајцата некако во исто време купивме кола. Јас имав едно фијатче од тие малите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)