ти (зам.) - уште (прил.)

- Не знаеш ти уште што значи дете да загубиш, - рече тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ти уште не си ѝ зборнал, а си ја нашол!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- А, така ли? Ти уште знаеш и памет да солиш? - викна татко му, се спушти на него, го собори и почна да го тепа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Да, аџамија си ти уште, Веле, голем аџамија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Едни луѓе кои божем се тука со мене, а се отаде реките, ми велат скоро потсмевнувајќи ми се: - Кој си ти да се буниш! Ти уште не постоиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Ха“, се исмеа Тодора, „ами, тебе ти е одамна развиделено, ама ти уште дремеш и сонуваш, мажу!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А ти уште ме гледаше со стаклени очи. Се исплашив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Надевај се. Тебе во гроб ќе те спуштаат, ти уште ќе се надеваш”. Ќе се поправам. Нема време за ништо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како да не сме заслужиле ниту зракче светлина да остане од нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ти уште сега, уште жив, се храниш од таа бесмртност, горделив, надмен, од некое друго место ни ја досудуваш смртта нам, на смртните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еве ти уште еден пример. Си видел ли некогаш месечина околу која се протега кружно виножито, кружен спектар од бои во различни слоеви светлина?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Речиси сите мажи ги врзаа. - И ти уште Дорча ќе го гледаш? - Гревота е! И тој треба да јаде - се правдаше тој.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ти уште чекаш? - ми се обрати таа воздивнувајќи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)