ти (зам.) - сам (прид.)

Сето тоа беше содржано во тој прв чин. Ништо не се случи што ти самиот не го предвиде.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не, Винстоне, ти самиот се доведе до тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тебе не ти е ни најмалку грижа колку ќе страда тој. Сѐ за што се грижиш си ти самиот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вчера ти сама дури до зад трансформаторон долу, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
16. ВОЛОТ ВРЖИ ГО ЗА РОГОВИ, А ЧОВЕКОТ ЗА ЈАЗИК - но вол ортомисан да скротиш и не е никаква беда, а човекот така врзан тебе јазикот ти го плази, небаре ти самиот, беда, во огледало да се гледаш...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Како и да речеш, тоа го правевме и за нас. Ти сам рече, Нумо, дека, борејќи се боревме и за нас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кај можеш, ти сама душа, да се бориш против една поројна река!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Впрочем ти самиот сношти побара да останеш надвор од сева работа?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)