ти (зам.) - тоа (зам.)

— Добро, бре Толе. Токо она да не се издаде, како ќе се доварди од толку очи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не бери го ти тоа гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само ти тоа добро можиш да ми го направиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ама, дедо, во книгата не пишва така. Ти тоа сам го измислуваш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас тоа не го реков, мој Камилски, туку ти тоа убаво го насети: постои поврзаност помеѓу балканските јазици, наспроти тенденцијата за создавање вештачки меѓународен јазик за сите и јаничаризмот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сеедно, ти тоа и немаше да го сториш, како ни јас што не можев да клекнам пред тебе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Ах Рози, зашто ти тоа правела? Гледаш каква беља дојде?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Заеби ти тоа... Џабе...“ На масата завладеа краткотраен молк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„За тебе или за малиов?“ се поднасмевна човекот со лузната и за првпат откако седна на масата погледна директно во него. „За двајцата“, се искези братучедот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа суровица, човек кој имаше само тело, се подбиваше со мене: „Како го велиш ти тоа, во една песна – умножение, а?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не, тоа не беше исто. Ти тоа поинаку го стори, тогаш, во онаа 'ржена постела, потоа плачеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
ТЕОДОС: Ѓаволот нека ти то носи: ќе те чекам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Ти тоа го нарекуваш летање? Јас само седам крај тебе на твојот килим и летаме заедно, а ти велиш дека знам да летам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
АНТИЦА: (одскокнува на страна). Па ти тоа, па тоа! (со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ти тоа со Пенчо... - Не, жими сѐ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
СОЊА: Кој ќе ги донесе одлуките еднаш засекогаш? Ти? Ти тоа би сакал.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ти тоа го знаеш?“ „... се борел во четите на књазот Карпош, потоа сам.“ „Добро“, се согласи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Врело побрзав. „Дедо му бил ајдутин и ...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти тоа поинаку го стори, тогаш, во онаа ’ржена постела, потоа плачеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Од каде го знаеш ти тоа?“ „Зарем не прилега така?“ „Никогаш не сум чул за Бунарот на душите.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)