ти (зам.) - ни (зам.)

Таа принуда за Ренан ја претставува најголемата срамота на анексијата и нејзината најмачна политичка иновација: „Човекот нема право да оди наоколу и на другите да им ги мери черепите, па потоа да ги фаќа за гуша и да им вели: „Ти си од нашата крв, ти ни припаѓаш!“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Направивме договор со Мало Виштани да ни дадат шуплив гранит и тие ни дадоа, а ние им дадовме да покосат ливаѓе во Бела Војца колку што требаше да се отплатиме за каменот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми вели, топорливо и потсмешливо: - А јас што ќе работам бе чиче, - ми вели. – Ти ни пицајзла за требење не остави.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ова што ти ни го кажа никој не можеше вака да ни го рече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И овие да не ги донесеше и без нив ќе поминевме. Ти ни си сѐ.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Та ти ни стори големо добро, кое... не би ни било простено од бога, кога би те заборавиле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ти ни го одредуваш патот на зрачните надевања дека е побогат и еден убав потез со раката насочена во вистинско место од сета залудна тревога што дните ни ги исполнува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)