ти (зам.) - пречи (гл.)

Ја искористив неговата збунетост и уште му реков: “Никој не ти пречи!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И јас ти пречам, нели?, велам јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
КИРО: Ако ти пречам, ќе одам. (Пауза) Сте се пикнале во едно сопче.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Ти пречи музиката? БОРИС: Не. Баш одмара.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Да! Сега ти пречи, а кога спиеше, а повеќе кога не спиеше на тој кревет, не ти пречеше, - се пошегува Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не ти пречи овој мирис од нафта? - го извлеков од себе последниот остаток од добрата волја додека седнував.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Седи кај сакаш. - Па би сакал да ги разгледам твоите книги, ако не ти пречи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ти и твоите рокери многу повеќе го истакнувате првото лице множина! - И тоа ти пречи?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)