ти (зам.) - поможе (гл.)

- Зер немаш челад што да ти поможат за ти на стари дни да си починиш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ти у ствари ништо не праиш. Блееш у „твојата“ трска и ако се закачи ѕверот ги викаш другите да ти поможат...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
ПЕТРИЈА: Да ти поможеме, куме, имаш на грбот слама. (На синовите.) Ајде, бре, чистете го кумот!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Најпосле се согласија да одаат кај старио да го молат да му кажи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ТЕОДОС: Оставете! Оставете! Вие ќе ме чистите, и чист ќе бидам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога чуја старците тој збор од старио, многу мака му паднало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мајка ми, без мисли како татковите одговори: – Бог да ти поможе! – Бог ги помага сите што умеат да си помогнат себе­си!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)