ти (зам.) - одговори (гл.)

Човек како мене толку сензитивен и посветен, може да биде исполнет најмногу од уметноста и науката, затоа што само тие како децата можат да се сакаат безусловно и секогаш на истото ќе ти одговорат со дупло поголема љубов, ако ги сакаш и негуваш на вистинскиот начин.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ние ли сме на ред? Не, ти одговорив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
КОТЕ: Зошто да ти одговорам?... Ете, кога ме викна на име — Костадине, ти одговорив.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Или пак, ако мораа и да заноќат, тогаш тука во неговата близина, сега ќе постоеше некој друг, кому би можел да му речеш нешто секој миг; кому, ако ништо друго, би можел барем да му помогнеш, а тој, ако не со збор, тогаш барем со некое движење, со некое одмавнување, би можел да ти одговори, или барем да ти даде знак дека те чул.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро, можеш секако да речеш, ти. Немам ништо да ти одговорам на тоа, освен дека ќе се обидеме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можам да ти одговорам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пак и нема човек кој би ти одговорил на тоа твое прашање.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Ти одговорив? Јас знам само дека ги затворив очите и... Иване, мили, не оставај ме.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ти ветувам, еве без никакви условувања, дека ќе ти одговорам со Да! Зар не е така полесно?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Зарем ова не е прекрасно?“ запраша царот. „Кога ти мене би ме прашал што сум сторил јас, би можел да ти одговорам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)