ти (зам.) - купи (гл.)

Најпосле мајка му рече: „ А сега биди добар и јас ќе ти купам една играчка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ајша почна прво со облеката: – Види што елече ти купи кадијата? Ами димииве, појавчево – чиста свила и срма.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе јадеш, ќе пиеш, ќе се веселиш како нив. Кадијата ќе ти купи таками поарни од нивните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еднаш сакаше да ти купам сламена шапка со црвена линија на работ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти купив, мамино, само внимавај што ќе речам: - тетратката треба да ја чуваш, зашто таа ќе биде огледало за твојата работа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Што сакаш да ти купам, Лиде? Имам многу пари, - вели тој.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Посакај друго, - вели Зоки, - веднаш ќе ти купам.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ех, малку се збркав, но тоа е уште поголем доказ за мојата љубов – се правдаше Ц. – А сега ќе ти купам прстен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Салама не ти купив, уште е топло - да не ти се расипе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако сака нека те загледува, ако нејќе - уште подобро. Чевли и така нема да ти купи!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чудно ми е дека не ме запрашува зошто олку сум се задоцнил, не ме кара дека веќе се стемнило.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еве, и јајцата се варени; две ќе ти се доста. И пиперка, и два патлиџана и парче сирење.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)