ти (зам.) - бара (гл.)

Ние чекаме леб да ни донесат, а ти бараш мезе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На улица ти приоѓа прекрасна девојка и ти бара прирачник за самоубиство.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Политиката е чиста математика – плус и минус, множено и делено, ти давам – ми даваш, ти барам – ми бараш, на крајот победува оној што знае што сака, па бара најмногу, а дава најмалку, особено ако е посилен од другиот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ти бараш нешто невозможно“, „Не“, рече. „Вети ми“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Туку ти лели си при мене, нема да те оставам овде, ќе ти барам некое чаре и ќе си одиме заедно дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Аирлија плачење наврапито? Кажи срце на мајка, лек да ми ти бара.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Лесновците, денес“, рече Онисифор Проказник и забележа: „Но тој пред тебе не прословил ниеден нашински збор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како тоа - овца ти барал да заколеш?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само јадење не барај ми! оти таа знае дека не е на арно кога некој ти бара јадење.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога има војна секогаш зимите се длабоки, а имањето ти рика, му се јаде. Не те прашува дали имаш, ти бара. Сите сечат за козите, јас за кравата, за магарето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А мажот си е маж: ти бара да му ставиш, да му постелиш, да му одиш по бесот. Не те прашува дали можеш. Тој е секогаш поуморен од тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)