тебе (зам.) - го (зам.)

Утеха? Умираш - значи си постоел, исто како и еден цел свет кој со тебе го снемува.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Грот: Кои други цртачи според тебе го имаат ваквиот аристотеловски став. !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гронинг: Како може некој кој некогаш купил примерок на „Zap” сосема да заборави на таа ера во својотот живот?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„За тебе го купив“, ми вели, „Уште само два имаше во дуќанот“, ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ај оди, па потпиши! Пепелашка во чудо Кога некој од тебе го извлекува најдоброто, па се изненадуваш и самиот од тоа што си... продолжи да го дружиш тој некој.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас заедно со тебе го слушам коњаникот во нашиот часовник, јас уште копнеам по твоите приказни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Неговата верба во тебе го прави да се чувствува несреќен и тажен, а само помислата дека јас постојам го прави и среќен и важен!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тешко е кога ќе се разбудиш во зорите и гледаш дека на креветот покрај тебе го нема другарот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
-Види го животот во си. Биди почитувач на животот. Тој тоа од тебе го бара.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога роси и дете кога си игра на улицата И мајка од некаде кога довикува И златна јаболка во дворот кога се ниша Излезете на молитва За вечен да биде таа слика Зашто по многу време ќе застанеш под прозорец И гледаш: Веќе е есен и детето во тебе го нема И пред тебе и сушата и лисјето венат и ниту роси и којзнае каде е Магдалена...
„Камена“ од Анте Поповски (1972)