тебе (зам.) - доаѓа (гл.)

Потребата да се свртиш за да погледнеш што се случило и што останало зад тебе доаѓа дури тогаш кога пред тебе ќе се испречи ѕидот на времето...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сонив или на јаве си велам: – засрами се смртна душо што гордо чекориш овде исчисти ја барем дамкава совест што со поглед стрела а со одвратност ја гледаш дури јас на дново седам и си редам спомени за оние малкумина со чест запретани в беда во занес опиени од лажна бесмртност – Бес и смртност има само не вознес и повисоко битисување бичување и омаловажување раскрсници без знаци за делување грешки без можност за простување дивини што бараат скротување И нема крај на овој сон сонување... – Остави простор пред заминување за оние што по тебе доаѓаат да докажат дека заслужно се раѓаат 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
А. ПАВЛОВНА: Кај тебе доаѓа. Вели, си го побарал во детективското биро.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)