те (зам.) - тебе (зам.)

Ете a сестрица Митра, ете те тебе, шо ќе ти вати умот, тоа земи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Еве го, бре зетче; вој рече оти е Толе Паша од Крушевица, та тој ли е или ме матна да те предада, ете го него, ете те тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Па, нели ти прва му фрли око! - Да! Но гледајќи те тебе, моите шанси се минимални.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Месеците летнуваат како сини галеби, па ете те тебе среде твојот трет Божиќ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И ете те тебе во твојот втор Божиќ: веќе имаш постојана работа, и кредитна картичка, и социјален број, и регулиран престој...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
АРСО: Ама џумбуш, ама тарапана! Ваква веселба во Скопје ниту имало, ниту ќе има! (Му шепнува нешто на Поцко.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СИТЕ: (Играат, пеејќи.) Јовано, Јованке, крај Вардара седиш, бело платно белиш, сѐ нагоре гледаш, јагне, мое Јовано. Јовано, Јованке, јас те тебе чекам, ти ми не доаѓаш, ти ми не доаѓаш, јагне мое Јовано.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А кога ти вечерта дојде од некаде и влезе кришум внатре, чувме плач во одајата, чувме дека дете „се роди“, и тогаш јасно ми стана зошто мајка ми редеше дипли на мевот и зошто седеше затворена во одајата чекајќи те тебе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
“ Македонијо, ти мајко мила, зарај тебе сме нue станале, за да те тебе ослободиме! Cпевала Фанија Климова, с.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
„Кој човек?“ „Некој друг човек, што, гледајќи те тебе, ќе направи машина од блескава хартија и бамбус, како оваа овде.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)