те (зам.) - јаде (гл.)

— Море ми, тука ли си, в'кот да те јаде! — проговори Митра и му ја подаде раката на Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одамна ли те јадат вака, бре побратиме? — го праша Толе Андона со возбуден глас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Има збор што ко црв те јаде и сонот го краде.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Татко му Аврам го стегаше срцето да не му препукне и издивнуваше: ”Ах, мора во животот некој црвец да те јаде...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ни данок те јаде, ни добиток ти пцивисува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Белки не те јаде некоја мака? Извини, што те прашувам вака отворено.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му рече Мехмед-паша: „Пеки, Мурат-ага, каква е таа мака што те јаде?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Не знам, велам, но штом те јаде носот, ќе се караш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што ќе правиш овдека, му велам, сакаш туѓи црви да те јадат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неизвесноста ти била жива краста: колку повеќе ја чешаш, толку повеќе те јаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сам човек, дивина, а и самотијава сама те јаде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Туѓа рака не чеша каде што те јаде...” им велеше слепиот Тимон.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Да не има благо на нејзиниот газ што сте се залепиле така? а тој се брани со раката од тие развртени рачиња, предупредувајќи ја Жено мори пуста да не бидеш, не ми го тепај сонот! и дозволувајќи ѝ и понатаму да ја тресе правта од него, седнува, си ги истрива очите и гледа дека навистина е на страната од Родна, дури нозете бакнати, залепени, па ги потргнува своите, ги поодалечува колку да блесне белината од Роднините листови и за да ѝ го одваби погледот на разбеснетата Милка проговорува како да се чуди и самиот Од каде да знам мори жено желки да те јадат, може ти си се преметнала на оваа страна, колку што го држам времето од синоќа, те пикав во пазувава, при завртување може си се свалкала на другата страна па јас сум останал на оваа! и за да се потсмири работата, се закикоти на цел глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ете, таква је мојата пресуда, овчарко: да те јади змијата и друго ништо!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, лели така сакаш, ај оди во долот да те јадам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, бре овчарко, кандиса сега да те јадам, али и кај другега сакаш да одиш да се пресудуаме? - му рече змијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, овчарко, ете и самите твој овци како те пресудија, а сега легни да те јадам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Еј сега, овчарко, еве како падна в раце, да те јадам како сол и леб.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Еј, овчарко, ете и магарето како те пресуди, имаш уште негде да одиш да се судиме, али да те јадам?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Навистина ти велам, овчарко, оти ќе те јадам, анџак сум те начекала да те клаам в рака и да ти вратам за толкуа змии што си 'и отепал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Витомир ја залепува цигарата и ја запалува. Пувка и го чеша јачменчето на окото. - Не чешај го ако не те јаде, вели Григор Бакалот. - Ме јаде, вели Витомир.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај мене пречкртај ја ноќта нека не те јаде темницата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јадеш леб, а лебот те јаде тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама си велам: ај, не чешај се, Велико, кај што не те јаде и не знам кај да му се изнагледам побрзо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)