те (зам.) - чуе (гл.)

— Ами шо друго сакаш, мори златна? А да те чуа и ти да го речиш тоа, де?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Добро што не те чуја сите. А особено валијата, - почна поблаго директорот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И овој пат Гоце, со својата снаодливост, успеа директорот да го убеди дека тоа било случајно.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Само не те чув од каде е приказната.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Тогаш ајде да те чуеме!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Додека се бричев, те чув како ја истресе својата шминка во мојата торба.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тука е, тука, чека да те чуе...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да молкнеш! Да не те чујам веќе така да зборуваш!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПОЦКО: Каде е кум Давадос, брат Арсо? АРСО: Си отиде.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе те чујат... (Доаѓаат: Поцко, Петрија, Цонка, Ампо, Ѓорго, Ристе и други.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Не те чув, оче Симеоне“, рече. „Што праша?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но сега е зима, те чув. Бескрајна зима.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Да те чуе татко ми, ужас ќе го фати – ѝ реков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Зошто ужас, што лошо реков? – се побуни таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Или пак, ако мораа и да заноќат, тогаш тука во неговата близина, сега ќе постоеше некој друг, кому би можел да му речеш нешто секој миг; кому, ако ништо друго, би можел барем да му помогнеш, а тој, ако не со збор, тогаш барем со некое движење, со некое одмавнување, би можел да ти одговори, или барем да ти даде знак дека те чул.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да те чуе некој од некоја страна ќе помисли дека си мрдната од умот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Тоа е она момче за кое ти зборував. - А, така – те чув – Само, внимавајте. Петар е полн со изненадувања.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Та си седам јас овде под дивјачката така прибрано, а ти, те слушам, пак по некое време „Фиу, фиу...“ ми чиниш, сакаш да ме натераш да ти кажам дека сум те чула, ама јас пустата не те чув.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јас да те чуев, веднаш ќе станев од местото и ќе се тргнев некаде настрана, ќе одев онака кон говедата, да се затскријам некако да не сум овде на отворено кога ќе ме најдеш.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ЛУКОВ: Замолчи. Ќе те чуе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Не сум те чула, велам, нешто заб ме боли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)