те (зам.) - уништи (гл.)

Велеше: - Продолжиш ли да им ја кажуваш вистината на тие, кои малку се подруги од тебе, па нека се мали и понижени, онесреќени, ама малку подруги од тебе, па макар да ти се блиску по друштво и по мисла, доволно да си малку поумен од нив, тогаш биди сигурен дека тие истите ќе те замразат и толку долго ќе те кодошат, додека не те уништат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Ти си мислиш“, рече тој, „дека со оглед на нашата намера целосно да те уништиме, така што ништо од она што ти ќе го кажеш или ќе го сториш нема ништо да измени, - зошто, во тој случај, се трудиме толку многу прво да те сослушуваме? Тоа го мислеше, нели?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На пример, кога нему ќе му дозволат нешто, а мене не, оти сум била уште мала, и кога јас ќе почнам да негодувам, да се лутам или да плачам, тој задолжително ќе ме доразбесни со зборовите: „Не ти чини тоа, љубомората ќе те уништи!“
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако не ќе те уништат токму на тоа место каде што стоиш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не гледај што си оставила зад себе, зошто тоа ќе те уништи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако не те уништи едниот тогаш ќе те уништи другиот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За да не те уништи сосема. Подоцна, одмаздувајќи ти се.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Старите ја загубија верата; свештеникот седи дома и ги расчеткува одеждите едноподруго; а лекарот треба сѐ успешно да врши со својата нежна хируршка рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја пронајдов твојата голема рана; тој цвет на колкот ќе те уништи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)